Мојот татко е осуден на 15 години затвор бидејќи не сторил нешто што не му било обврска, вели пред камера на „Алфа“ Марија Лазарова, ќерката на Душко Лазаров, кој беше осуден за настаните од 27 април.

Неговото семејство ја обжали оваа драконска пресуда по речиси сите основи. Лазаров е осуден бидејќи не дал наредба за ангажирање на поголем број полициски службеници во Собранието, што е помалку чудно, бидејќи тој немал ниту златна, ниту сребрена, ниту бронзена команда.

„Република“ во неколку наврати пишуваше за апсурдната ситуација во која се наоѓа Лазаров.

Душко Лазаров се огласува за виновен, меѓутоа во образложението не постои ниту еден материјален доказ кој што кажува дека Душко Лазаров тој ден требало да издава наредби, цитирани се голем број материјални докази од кои се докажува дека Душко Лазаров немал овластување да ја издава таа наредба, вели пред камерата на „Алфа“, Марија Лазарова.

Лазарова вели дека иако татко не бил задолжен за тоа давал насоки како да се спречи влезот на граѓаните во Собранието.

Ова кривично дело главен елемент кај сторителот е да постои умисла, односно судијата да биде свесен за неговото кривично дело и да го сака неговото сторување. При една ваква состојба на работите ние се запрашуваме дали некој кој на своите колеги им давал насоки и совети значи да ги обезбедат вратите на Собранието од внатрешна и надворешна страна имал умисла да дозволи масата протестанти да влезат во Собранието, вели Марија Лазарова.

Семејството Лазарови ја обжали првостепената пресудата, заради повеќе суштествени повреди: погрешно утврдена фактичка состојба, повреда на материјалното право, како и повреда на правото на одбрана.

Душко Лазаров бараше да му биде дозволен увид во ЦД-њата, од мобилните оператори на Телеком и на ОНЕ, тоа не му беше дозволено, а истите на главната расправа не беа репродуцирани, така што ние не знаеме што е во тие ЦД-ња, а кој што се доста важна работа за самата одбрана, вели Лазарова.

Лазарова се надева дека по се она што го изнесе одбраната, Апелација ќе донесе одлука за укинување на пресудата и за враќање на предметот на повторно судење пред првостепениот суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.