Син и татко од Росоман се новите случаи позитивни на корона вирус во Тиквешко.

Од Центарот за јавно здравје Кавадарци, за МИА потврдуваат дека тие се на возраст од 16 и 41 година.

Тие двајца не знаат од каде се заразиле. Имаат лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.

Специјалистот епидемиолог во Центарот, д-р Ристе Јовановски, индформира дека од почетокот на епидемијата досега, во општина Росоман од Ковид-19 се разболеле вкупно четири лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.