Емануел Макрон не им дал рок на Бугарија и на Македонија да постигнат договор за почеток на преговори за членство на нашиот југозападен сосед во ЕУ. Скопје шири лажни вести.

Ова за „Бугарија ON AIR“ го изјави експертот од „Институтот за популациски и хуманитарни студии“ при Бугарската академија на науките, доц. Спас Ташев, пренесува Експрес.

Баравме официјален извор на оваа информација и не најдовме такви зборови на францускиот претседател. Скопје е фабрика за лажни вести. Нема документ од Макрон до француските амбасадори во ЕУ дека до 14 декември ќе почнат преговорите за евроинтеграциите на Скопје –  вели Ташев.

Тој е дециден дека Македонија не сака бугарската економија да влезе на нивниот пазар и за тоа дава пример со галиите во коритото на Вардар од кои една беше на бугарски инвеститор.

Градоначалникот на Скопје кој ги загуби изборите си постави за цел да ги уништи и го стори тоа. Бугарија не реагираше соодветно да ја заштити оваа инвестиција – вели доцентот Ташев.

Извор: Експрес



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.