Актерот Сашо тасевски реагира на бројнјте полициски упади во домовите на функционери и членови на ВМРо-ДПМНЕ, на денот кога во Собранието ќе се гласа за недоверба на Владата.
ЗАЕВ знаете колку ве сакам и тебе и партијата.
Сакам да останете на власт.
И гледам работите на тоа.
На неколку саати пред гласање (не)доверба на твојата влада гледам влегувате во домови на пратеници вршите претрес.
Не е доволно друже.
Сите уапсете ги.
Се што е вмровско од парламентот, во затвор.
И Апасиев да го апсиш.
И да го стрелаш.
Те сфатив одма.
Ако ги уапсиш сите нема кој да ти гласа недоверба.
Многу државнички мудро од твоја страна.
Како ти текна велемајсторе?
Капа доле.
Респект.
Европа воскликнува од радост за тој потег.
Неџат, еј Неџо, дај бе потргни се на страна во тоа газот на Заев, напрај место и за мене – коментира Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.