Забрчанец фактчекеру и вистинољубецу наш! Де кажи дали овој лепотан и благонадежен Блгарин кој е подмочан на сликава во окупаторска бугарска униформа е твој дедо?, му се обраќа Сашо Тасевски на владиниот координатор Марјан Забрчанец, споделувајќи фотографија од 1943 година на Божидар Забрчанец во служба на бугарската армија.
Објасни, му вели Тасевски, како ти со ваков славен блгарски происход стана десна рака на Заев.
Дали ова твое потекло беше услов да станеш пропагандист на Заев? Дали некој, и кој ми те понуди на Заев?
Објасни зошто го поддржа Заев во неговите политики за бугаризација на Македонија. Кажи гласно дали мислиш дека сме ист народ со Бугарите? А јазикот Маци, дали ни е бугарски дијалект?
Изјасни се за љубов на вистината.
Не бараме многу.
Дали манекенов на цар Борис е твој дедо? Армијата за која се борел дали не окупирала или не ослободила?
Гукни бе Забрчанец
Наместо да шириш пропаганда за тоа кој кандидат за градоначалник има бугарски пасош за да му наштетиш само затоа што ги губите изборите и власта. Па ги обвинуваш зошто криеле ако имаат бугарски пасош.
А зошто ти до сега не си кажал за дедо ти?
Сигурно си ја чул онаа бугарската од вицот: Ше те ебам, ше умреш!
Е па во недела ќе ја осетите, му порачува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.