Избегнувам да пишувам политички ПАЛАМУДЕЊА за Блискиот Исток, Кина, Путин, САД, за глобалните превирања, нешо во стил на Лазански покоен, оти тоа никој не го чита. Или малку се тие кои го читаат. Нема лајкој бе! А јас сум зависен од лајкови, пишува во статус на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.
Многу подобро е она Мила ко ќе ја спомнеш, Заев, СДСМ, па тоа го зачиниш со во уста те гаѓам, ти го бапнам, темелно да ти го начукам, ти го спрпоркам отпозади, натегнам добро, опнам, да те мочам од ќерамиди …. Ова се чита и лајкови фрчат.
И убаво е за ладење. Гледаш како се нервира натегнатата, измочкана од ќерамиди екипа.
Па сепак, мојата академска природа ме тера да покажам и колку сум неограничено умен, па сакам да го покажам тој ум и ќе речам:
Доста бе со тој Преспански како да е библија.
Хартијата трпи се. И газот го бришеш со хартија. И со Преспанскиот и со Договорот со Бугарија можеш гс да си избришеш. На хартија се.
Ако не се бришеше гс со разни договори во минатото уште ќе беше на сила Сабстефанскиот, оној за Лигата на Народите, оној меѓу Хитлер и Сталин, оној меѓу Чембрлен и Хитлер, оној на Јалта…стотици други.
Договори се кинеле додека трепнеш или времето ги збришувало со нови настани и ситуации.
И Преспанскиот и оној со Аспаруховци беа направени под уцена, од една квислиншка власт која од нив не доби никаков бенефит. Никаков. Само ја отвори Пандорината кутија на балканските шовинизми против Македонците за нивна потполна асимилација.
Па Грција бре уште одбива да ги смени патните знаци, топонимите, за да пише Македонија на нив. А гоВнава наши предавнички избришаа се што е означено само со Р. МАКЕДОНИЈА.
Ама сега тоа било уставното име. Да ви се покакам на уставното име донесено со предавство и гмизање.
Што добивте од Договорот со Бугарија? Само нови уцени вето за ЕУ и нсјдолни шовинистички барања да си го избришеме јазикот и историјата. Да ги крстиме бугарски.
Бараат да признаеме бугарско малцинство, а нема повеќе од ДВЕ илјади кои се изјаснуваат Бугари овде, ама затоа во Бугарија на Македонците не им е дозволено да имаат свои здруженија, иако ги има сто илјади сигурно.
Инаку против Бугарија има 16 европски пресуди тоа да го исправат. Ништо. Не им чуе. А ваму бараат од нас да ги признаеме нивните овде за малцинство, на чело со оние шпиончиња кои одат редовно кај Борисов да не клеветат, седнати пред него ко бедни роднини.
Какви пријатели се тоа?
Глупи ли сте?
Сме имале договори со соседите и мора да се почитуваат? Така порачуваат и од нашето МНР. Ма немој.
Да си ги напикате тие договори у…. Знаете каде. Нејќам да бидам вулгарен.
За жалење сме каде не однесе таа понизност. Ем останавме клоаката на ЕУ, гледаме во газот на ЕУ, ем преку разни предавнички догори што имаат вредност на гс-папир, дозволивме говеда да бришат под со нас, пишува Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.