Пред пет дена. Нема потреба од мерки. Работат кафани, по двеста душа внатре без маски. Ама ситуацијата е под контрола.
Завчера 50 умрени, а љубениот ви министер вели: Терапијата што им се дава на коронашите е неефикасна, затоа се умира појачано.
Вчера, одлука за затворање кафани и се друго. Одма затворање. Таман пукна пролет кога може надвор да се седи. А цела зима беа отворени.
Како да ви кажам. Не сте само глупи и неспособни.
Секако многу од вас ќе одат во затвор за година две. Ама прво треба на лечење да ве пратат. Оти и во затвор толку луди ко вас не примаат, коментира актерот Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.