Ќе слушнете како главниот идиот ја користи трагедијата во Бугарија за праќање политикантска порака дека ете: „Несреќата ќе нè зближи со Бугарија“, резил, коментира актерот Сашо Тасевски за прес-конференцијата на македонскиот премиер Зоран Заев дадена со бугарскиот колега Стефан Јанев во Софија.

Пак гореа живи луѓе. Овојпат трипати повеќе од минатиот пат. И пак ќе најдат за виновик некој кабел, до нашиве да е истрагата.
Зошто трагедиите толку често ни се повторуваат?
Се сеќава некој на несреќата кај Ласкарци?
Исто се бараше жртвен јарец, поединец.
А ви текнува тогаш кога се удавија 15 бугарски туристи во Охрид, на тепсија езеро, зашто потона бродот?
Никој никогаш не го става системот под прашање. Целата вина паѓа на еден грб, Кабелот или шоферот или условите на патот.
А системот е тој што смрди, зашто смрдат тие што го создадоа.
Притоа, ќе слушнете како главниот идиот ја користи трагедијата во Бугарија за праќање политикантска порака дека ете: Несреќата ќе не зближи со Бугарија.
Резил.
Како да не знае што зборува.
Како да не му чуе.
Психо, коментира Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.