Апелирам до СДСМ да побараат од Заев да ги прекине сите преговори со овие бугарски власти, вели актерот Сашо Тасевски, по сите изјави кои пристигнуваат од бугарската страна, додека македонската молчи, а ексалираа вчера со тврдењето на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, дека не може да се оди во ЕУ ако се велича еден од „најмрачните диктатори“ Тито.

Захариева ако ги прочиташ мемоарите на Черчил ќе најдеш ваков дел, парафразирам: Морав да го убедам кралското семејство, целата помош која ја добиваа четниците на Дража да оди во рацете на Тито и југословенските партизани. Дража шуруваше со нацистите, но Тито беше вистинскиот наш сојузник на Балканот, кој во клинч држеше 64 фашистички дивизии и со тоа им купуваше драгоцено време на сојузниците во подготовката за финален удар на Рајхот. Најпосле ги убедив по што следеше мојата средба со Тито во Каиро во 1943 година.
Захариева, ова е историјата која не сакате да ја научите, од тука потекнуваат сите ваши комплекси кон Тито и нас како дел од таа титова Југославија.
Каде бевте тогаш Захариева, како држава?
На чија страна?
Многу добро знаете.
Е па нашите дедовци и баби се бореа со Тито и победија, а вашата фашистичка окупаторка војска ја избркаа од Македонија. Значи ве избркавме зашто не бевте добредојдени. Бевте фашистички окупатори.
Тука завршува муабетот.
Тие факти нема да успеете да ги избришете од историјата како со гумичка.
Уште еднаш апелирам до СДСМ да побараат од Заев да ги прекине сите преговори со овие бугарски власти. Оваа офанзива за побугарчување која ја прават кон нас Македонците треба да се осуди од целиот цивилизиран свет на чело со ЕУ, доколку таа ЕУ навистина се доживува цивилизирано, порача Тасевски.

Продолжувајќи со малку пошеговит тон, но со ист наратив, Тасевски додава:

Захариева… Шеќер мој.
Кога се додворуваш на девојка за да ти даде, не и кажуваш колку е глупа, грда, лоша, колку погрешно размислува…
Напротив, ја убедуваш дека е најдобра на свет, па ја лажеш колку ќе бидеш фин со неа, колку ја сакаш, па каде ќе ја шеташ ако бидете заедно… Не и зборуваш дека на сила ќе ја земеш.
Исто е во политиката.
Сакавте да ви дадеме, да одиме у кревет со вас, а еден убав збор не чувме од вас. Ни кажувате колку сме грди, смешни, глупи, колку сме биле во заблуда… Дека ако треба со сила ќе не легнете.
И сакате да ви дадеме?
Дали сте нормални. Многу ја промашивте тактиката.
Па вие во моментов сте последните со кои би оделе во кревет, па дури и да сте последни не ви даваме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.