Кога власта ќе почне да ти кажува колку гости смееш да поканиш дома, дека мораш да носиш маска надвор дури и ако си сам, оправдувањето дека го бара тоа за јавното здравје зашто е епидемија, која пак, претходно со месеци не ја есапи и дозволува баханалии на плажи, по кафани, по паркови, ни кажува само едно. Дека таа власт полека станува тоталитарна, пишува актерот Сашо Тасевски.

Тој истакнува дека власта се почесто се обидува да ги контролира и најинтимните аспекти од животот на граѓаните.

Тасевски вели дека оваа власт станува многу опасна зашто во себе ја имаат удбашката подмолност со смешкање и свилени ракавици да ги уништуваат животите на луѓето коишто не мислат како нив.

Кога власта ќе почне да ти кажува колку гости смееш да поканиш дома, дека мораш да носиш маска надвор дури и ако си сам, оправдувањето дека го бара тоа за јавното здравје зашто е епидемија, која, пак, претходно со месеци не ја есапи и дозволува баханалии на плажи, по кафани, по паркови, ни кажува само едно. Дека таа власт полека станува тоталитарна. Планира да ти се меша во најинтимните аспекти на животот. Сака да те меси ко тесто.

 

Има и други знаци дека СДС му се додворуваат на тоталитаризмот. Ти кажуваат како да се однесуваш, што смееш, а што не смееш да кажеш, кого смееш, а кого не смееш да критикуваш, без волјата на мнозинството го менуваат личниот опис на државата и народот што ја создал, кажуваат кој смее, а кој не смее да биде казнет за злодело, кажуваат кој смее, а кој не смее да биде канет на телевизии кои ги купиле.
Утре ќе ви кажуваат кога смеете, а кога не смеете да возите кола или под кои услови ќе се движите надвор или лекувате.

 

СДС се многу поопасни отколку што беше власта на Груевски зашто ја имаат во себе онаа удбашка подмолност со смешка и во свилени ракавици да ти го уништат животот. Не случајно нивните клучни луѓе се донесени од разни странски невладини и тинк тенк организации.

 

Тоа е најшпионската, најквислиншката, антимакедонска багра што некогаш била собрана на ова тло. Обучени да го уништат својот народ. Јаничари просто кажано – пишува Тасевски.

Кога власта ќе почне да ти кажува колку гости смееш да поканиш дома, дека мораш да носиш маска надвор дури и ако си сам,…

Gepostet von Sasho Tasevski am Samstag, 10. Oktober 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.