После вакви скандали, нормален премиер и политичар, во нормална држава со нормален народ, во нормални околности, нормално му е да поднесе оставка и да повика на вонредни избори. Ама кога се е ненормално… Или новонормално… Потури го со скиснат јогурт, коментира актерот Сашо Тасевски.

А бе пред десет дена ги рибаа од ЕУ дека се најкорумпираната власт во Европа, тие вчера по пети шести пат дозволија да им побегне некој што треба да оди во притвор или затвор за супертешки обвиненија.
Само минуси ви тураат у тефтерчето тие ЕУ.
Ако не заминете, следната година со вас ќе бидеме најкорумпирани во свет. Дали ви е јасно?
После сите скандали, вие СДСМ го изгубивте правото да владеете. Штитејќи ги криминалците, создадовте неправедно општество и го растете револтот кај сите. Неподносливи сте за гледање и слушање.
Ниту еднаш не презедовте одговорност за тешките глупости што ги правите. И секогаш други ви се виновни. Инфантилно до коска.
Вие од опозиција и сите на кои им е преку глава ова нечовечно и бесрамно владеење на СДСМ, мора да станете свесни дека имате шанса да шутирате пенал на празен гол. Седнете подајте си рака, кренете го нивото на отпор, акција ви треба под итно. Гледате дека Заев и неговите се во нокаут. Целосно изгубени.
Принудете ги на оставка и избори. Одма, порача Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.