Актерот Сашо Тасевски, реагира за најавите на власта дека земаат пример од Финска при спроведувањето реформи во државата.

Тасевски коментира дека во Финска е неопходно добро да ги познаваш финскиот јазик и финската историја за да може да добиеш финско државјанство

Тој истакнува и дека за разлика од власта на Зоран Заев, во Финска луѓето се патриоти и не стругаат споменици само затоа што некој ќе им каже да го направат тоа, без оглед колку е тој посилен од нив.

Во финскиот закон пишува:
За да добиеш финско државјанство мора добро да ги познаваш финскиот јазик и финската историја!!!!

 

Велепредавници од СДС(М), добри сте? Изгледа Финците не даваат државјанство само со тројца сведоци и важно им е да им ја знаеш историјата и јазикот.

 

И поучете ја главната будала меѓу вас, во Финска не ги стругаат со зелено џамче спомениците на кои пишува дека во 1939 година финскиот народ ги победил руската армија (советска) и Сталин кога сакале да ја окупираат Финска. Кај нив сите точно знаат кој се дрзнал да ги окупира и како го победиле. Во таа победа не смееш да им чепнеш, око ти вадат. Хитлер паднал пред Сталин, ама Финците го поразиле иако биле грст луѓе во споредба со Советите. Зеле оружје да си ја одбранат државата.

 

Велепредавници, учете историја, наместо да ја укинувате и да ја продавате земјата која не е ваша, на Бугарите.

 

Ќе ја стругал придавката „бугарски“, да не се навределе Бугарите, оти не бил цел народ фашистички и окупаторски. Ако не бил, што не рипнале против царот Борис, туку ги гледаме со какви овации ја славеле окупацијата на Македонија со помош на големите водачи Хитлер и Мусолини. Тоа петно Бугарите треба да си го носат. Зашто е нивно. Ти идиоте се најде паметен да им го стругаш???

 

Ај да те видам стругај споменици, па конечно да не извадиш сите од дома. Да видиш колку ве сакаме. Семе мувлосано – коментира Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.