Филипче немојте вие на нас, демек од нас зависи дали ќе носиме маски на отворено и дали ќе има полициски час.
Ве болеше патка кога требаше на избори да одите. Пуштивте се, короната го прогласивте за умрено. Пуштивте журки на плажи и кафулиња. Гс преку глава беше на оној српскиот пејач. По автобуси тутма. Отворивте школи и градинки. Веќе во нив има кластери. Во меѓувреме, од што им е супер, од земјава заминаа стотина доктори и медицински сестри, па сега немате ни персонал
И сега и текна, од нас зависело?
Ма немој!!!
Затворавте се живо кога имаше по шест заразени дневно, а сега со 500 заразени на ден, ни продавате глупости од типот, нејќеме да затвораме, од вас зависи. Вие сте непослушните ние сме способните.
Не бе дечко, од никого веќе не зависи. Короната е излезено од контрола и не е умрено.
Па сега ко ќе почнат маглите, загадувањето, по 1000 заразени на ден ќе имаме.
Не, од нас не зависи правете што морате да направите, немојте со нас да се вадите, напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.