Не стивнуваат преписките за различнте ставови по однос на коментарот на спортскиот новинар Тони Стојановски за време на фудбалскиот меч на кој Македонија обезбеди пласман на Европско првенство со кој порача дека во приод во кој не оспоруваат како нација, влегуваме во Европа.
Во овој период, кога ни оспоруваат и име и презиме и нација и ген, еве не во Европа! Еве не таму, меѓу сите! тие што ги описменивме, ќе не дочекаат наредниуот јуни. Ќе ја поздрават нашата репрезентација, ќе стојат мирно на нашата химна! – рече Стојановски.
По низа коментари, актерот Сашо Тасевски уштееднаш го кажа своето мослење околу војната меѓу оние кои го поддржуваат коментарот на Стојановски и оние кои фрлаат со дрвја и камења по него.
Не бе, коментаторот Тони не е за во лудница. Должност му е да го искористи медиумот да прати порака, зашто се наоѓаме под страшен пропаганден и политички напад да прифатиме асимилација, а потоа и анексија кон Бугарија.
Вчера тоа јавно ни го порача коалиционен партнер на Бојко. Иднината на Македонија е обединување со Бугарија.
Идиоти ли сте ова да не го сфаќате како повик за анексија? Пред него, говедоно повикуваше бугарска армија да ни влегла дома.
И сега нив не ги коментирате и не ги праќате во лудница, ама коментаторот Тони бил зрел за Демир Хисар.
А бе, сфатете еднаш, ние сме такаречи во војна. Оставени сме сами на себе, со власт која сервилно молчи пред негаторите на македонизмот, башка осиромашени и понижени.
Што очекувате?
Да нема реакција од достоинстените луѓе и патриоти, колку и да ви звучи сељачки зборот патриот, додека блебетате либерални срања од ЕУнацистичката кујна која ги толерира Бугарите во нивната асимилаторска офанзива кон нас
Тони Стојановски бил за во Бардовци?
А вие за каде сте? За во ЕУ?
Каде ќе одите обезглавени?
Или баш ве заболе како ќе ве викаат во ЕУ?
Барем од бабите сте требале да научите колку е тешко некој да те тера да се пишеш магаре кога не си!!!
Треба да се срамите.
Оставете го коментаторот на мир.
Не бе, коментаторот Тони не е за во лудница. Должност му е да го искористи медиумот да прати порака, зашто се наоѓаме…
Posted by Sasho Tasevski on Sunday, 15 November 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.