По срамното признание на Неџат вчера во „Само Вистина“ дека СДСМ во Кавадарци ја вработил жена му, мора да се дознаат сите ботови и пропагандисти на СДСМ, оние кои уште ги кријат од јавноста, смета актерот Сашо Тасевски.

Да се открие за какви услуги презеле задача да ги бранат и величаат СДСМ по медиумите и да плукаат и компромитираат нивни неистомисленици.
Гледате на какви им верувате? Мислам на оние кои му веруваа на Неџат, бидејќи се појавува секоја недела по еднаш на некоја телевизија за да шири лаги и пропаганда по задача. Тој си ја вработил жена му преку партија, а вие го слушате и седите невработени. Толку од сдсмовската објективност и чесност
Дојде живот-СДСМ вработува, ако ги фалиш кога не се фалање.
Не биле сите исти, велат од СДСМ.
Вистина не се! Вие сте стопати полоши, поподмолни и понеспособни.
Тоа е се што треба да се знае за вас, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.