Најголемиот бугараш и предавник на македонските интереси, кој се окружи со десетици бугараши за да ја побугарчи Македонија, човекот кој од СДСМ направи бугарашки партија и кој беше спремен да им потпише на Бугарите бугаризација на се што е македонско, тој најде да зборува за бугарски пасоши и предавство, напиша актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил.
Да се крстиш со раце и со нозе!!!
Види ваму бугараш еден! Од она што знаеме дека си им го ветил на Бугарите малку ти е и затвор. Да беше Тито жив, поинаку ќе завршеше. Без затворање во кафез. Туку остај тоа.
Тоа што не потпиша бугаризација беше само од страв да не паднеш од власт кога ги виде реакциите на јавноста и Македонците. Но, ти во ниту еден случај јавно не се одрече од твојата идеја за бугаризација на Македонија. Твојата комисија за историски прашања не ја растури. Цело време зборуваш нејасно за некој компромис со Бугарите. Значи уште ја туркаш твојата бугарашки агенда. Па националните интереси и идентитетот не се чушки и френки на пазарот во Горњи Милановац, будало една!
И ти најде да се продаваш во јавноста за македонски патриот на два дена пред избори?
И сите со тебе кои ти викаат БРАВО за твоите бугарашки политики и за се останато што заеба до коска.
Карикатура направи од државава според ликот и делата твои. Твоја копија.
Во недела ќе ги изгубите и Скопје и Центар и Карпош. Ќе го изгубите мирот и циничните и арогантни насмевки од суратите кои до вчера ги имавте.
Со валканава кампања што ја водите накитена со поткуп и закани, на терен губите уште повеќе гласови. Ве чека дебакл во недела. Вие на нас за бугарски пасоши!? БУГАРАШИ ЕДНИ!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.