Затворајте училиштата одма. Не ја правете истата грешка “Мија не кревамо паника, оти Мија све знаемо – напиша актерот Сашо Тасевски на Фејсбук.

Знаете зошто треба да ги затворите. Еве на пример, во школото кадешто одат моите деца, има родители на кои Италија им е омилена дестинација. И си скијаа со дечињата во Италија зимава и си шетаа по Венеција, Фиренца и Рим, си јадеа таљатели алијас јуфки. Уствари веслаа низ Венеција, оти таму не можеш да шеташ многу. Некои беа пред само еден месец во Милано, правеа селфи со еКспресото на Дуомо.
Ама има родители и од други училишта кои си шетнале до Италија периодов.
Затоа аман не се правете веќе ајнштајни за менаџмент, здравство и владеење. Ве видовме и сфативме од виденото какви лујки сте од доктори, директори до министри – напиша Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.