По првиот круг од локалните избори, актерот Сашо Тасевски испрати јавна порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕР, Христијан Мицкоски, во која му ја честита победата, но истовремено му порачува дека доаѓа момент во кој треба да покаже скромност.
Тасевски му порачува на Мицкоски дека треба да има отворен разговор со помалите политички субјекти со цел што поскоро да има предвремени избори за да има целосен пораз на власта на Заев и СДСМ.
Мицковски, знам ќе го сфатиш ова што ќе ти го кажам.
Има еден библиски мотив дека Исус им ги миел нозете на помалите од него.
Понизност во таа смисла е одлика на големите луѓе.
Вчера освои голема победа. Неочекувано голема.
Го чу пулсот на народот. Гласаше против пореметената политика на Заев.
Сега како лидер на најголемата партија биди голем, клекни пред помалите, дури и да ти згрешиле. Повикај ги кај себе.Со оние со кои си во војна седнете, испушете луле на мирот, како старите индијански поглавари.
Отвори се малку. Топката е во твои нозе. Мораш во офанзива. Контранапад. Клавај голови.
Направи се да има предвремени избори во мај, јуни, оти секоја секунда со заевци на власт е грчка трагедија. Шо бе грчка!? Македонска!
Тоа црно семе мора што поскоро да го попарите.
Ете тоа.
Ти честитам на победата. Твоја и на ВМРО.
Видовте како не треба. Со среќа – пишува Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.