Сега сфативте што е агент провокатор, полициско куче уфрлено да го расипе протестот, коментира актерот Сашо Тасевски за говорникот на денешниот протест против антиковид мерките.

Тој тип веќе не смее да се доближи до говорница. Пишав и пред неколку дена. Треба да се внимава на кој му се дава микрофонот.
Покрај него имаше барем уште дваесетина негови да му викаат браво.
Дечкото Албанецот беше одличен.
Но и покрај тоа, штетата што ја направи агентот беше непоправлива.
Го сруши протестот.
За тоа и се обучени.
Памет у глаа следниот пат, порача Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.