Државата на која нашиве овци и ЕУ визионери редовно и се потсмеваат е Куба.
Е таа Куба на својот институт Финлеј во Хавана, ја создаде од четирите до сега, најдобрата вакцина против ковид. Се вика Соберан 2. Странски научници тврдат дека е подобра од било која друга на светот. Ни Фајзер ни мајзер.
Арно ама Кубанциве немаат доволен број на заразени за да ја тестираат во финалната фаза, па склучиле договор со Иран. Зашто сите кубански лекови се забранети за Европа уште од 1962 со ембаргото на САД. Нивни лекови на европско и американско тло, јок! Монопол на најјако.
И така. Тие Кубанциве со кои се потсмевате, клошари, комунисти, сиромашни, го имаат еден од најсилните здравствени системи во светот.
Да ама Кастро на кого исто му се потсмеваат кога дојде на власт рече.: Врвно но и бесплатно здравство за секој Кубанец!!!
Вие уште се крстите во Филипче, кој целосно потфрли како министер за здравство. Видовме каква дилајла ни е здравството. Тотално фијаско, напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.