Со овој циркус што го правите со давам па не давам оставка, утре кога ќе одите во опозиција немате да имате никакво право да барате оставка од било кој, вели актерот Сашо Тасевки.

Триесет години овде се убива смислата на политичката одговорност, но вие од СДСМ после оваа циркузијада со оставките на Заев и Филипче го потврдивте својот статус на таблоидна партија која нема никакви морални репери и самопочит.

Така се дозакопавте што гробари може да ви позавидат.

Тоа само зборува каква паника сте.

И да ви кажам уште ова…

Никој не е толку глуп ко вас.

Можете сами да се лажете за мнозинство, за останување на власт, па леле како велемајсторот Заев одигра што би рекла онаа анусна амеба Неџат од Кавадарци, џабе.

Сите ве видовме по изборите на пресот колку попарени бевте во фаците. Тровче душа немаше во вас, Изгледавте појадно од кинеска џиџимиџарница.

Затоа џабе се силите. Џабе ви е и Џабир и Цивил и Сраорац и ДаМиГоЗабричанец и Тричко и Сумо борецот аналитичар и Стево Љубави.

Џабе.

На лош глас сте меѓу луѓето.

Особено што сите сфатија на локалниве дека со една шлаканица ве патосираа.

Сите знаат колку сте слаби.

Колку сте никакви.

Колку сте неспособни.

Само крајот си го правите потежок со овие дополнителни циркузи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.