Сашо Тасевски, актер и поранешен директор на Драмски театар бара оставка од Владата и вонредни избори, откако Бугарија стави вето на отворање на преговори со ЕУ.
По ветово, владата мора да падне и да одиме на избори. Пишав и вчера, еден час по добиеното вето. Мораме на вонредни избори по овој дебакл. Ветивте, не исполнивте, пишува Тасевски.
Понатаму тој додава:
Никако не можев да сфатам зошто пред две години купивте 200 илјади лубриканти. Па пред некој месец ја надополнивте залихата. А вие за ветово од Бугарија сте се спремале. Не смее да чкрипи. Мора да лизга. Ко локум.
Тоа ли беше визијата за европска Македонија? Пет потези однапред сфативте ќе ве опашаат јако, па се обезбедивте на време. Шахистот Боби Фишер би ви пружил рака за ова, да е жив.
По ветово, владата мора да падне и да одиме на избори. Пишав и вчера, еден час по добиеното вето. Мораме на вонредни избори по овој дебакл. Ветивте, не исполнивте. Немате капацитет ни за преговарање ни за водење држава, плус најбезобѕирно се коцкавте со националните интереси на Македонците.
Како ниту една влада во историјата на Македонија, се поставивте во крајно сервилна и квислиншка позиција. Го изрезиливѕе овој народ во очите на соседите и пошироко. Почнаа да не сожалуваат добронамерните странци.
Мора да си одите. Само да знаете, вашето заминување од власта, ќе значи и клуч на врата за вашата партија. Не верувам дека некој некогаш, пак ќе го даде својот глас за вас, вели Тасевски.
Никако не можев да сфатам зошто пред две години купивте 200 илјади лубриканти. Па пред некој месец ја надополнивте…
Posted by Sasho Tasevski on Friday, 6 November 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.