Во нормални држави по вакво фијаско следуваат оставки на министерот за здравство, комисијата за заразни болести па и на сите кои биле назначени во справувањето со епидемијата, коментира на Фејсбук актерот Сашо Тасевски.
А море скопјани и сите кои живеат во Скопје, кога некој веќе градот го ставил во карантин, мора да останете во градот и од аспект на општото здравје и ако сакате, од аспект на солидарност.
Ај ова со солидарноста веќе никој не го разбира, ама она првото…
Како да речам, уште не почнат карантинот падна во вода. Ефект нула. Можете комотно да го укинете веднаш. Побесмислен е од јадење шампита со пиво. Паркинзите во населба зјаат полупразни, на кои до вчера не си можел да паркираш. Сите се заминати. Ама сите.
Не ги испуштивте само конците од раце, туку и главата ја загубивте попатно.
Во нормални држави по вакво фијаско следуваат оставки на министерот за здравство, комисијата за заразни болести па и на сите кои биле назначени во справувањето со епидемијата, вели Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.