Наместо да одговара за дебаклот со короната, за тоа што сме во врвот по смртност во светот, за оние кои живи изгореа во болницата, на Филипче град Скопје му даде 13 ноемвриска награда. Веројатно за тие врвни достигнувања. Светски, коментира Сашо Тасевски. Денко професорот, додава тој, советникот на Стево, исто добил 13 ноемвриска награда, веројатно за бугарашењето што манифестираше минативе три години

Изгледа и другите награди се давани по сличен критериум. Како што е тоа обичај кај нас.
И по обичај одборот или жирито ги изгласале наградите непосредно пред изборите, ко што е обичај за едно партизирано жири.
Приватна партиска игранка за најблиските во партијата.
И после зошто градоначалничката не присуствувала на таа партиска журка?
И јас не би присуствувал да сум на нејзино место.
Овде треба да се бојкотира се додека некој не стави ред и критериуми.
А тоа ми се чини невозможно во следниот половина век.
Згрозен сум како и сите кога гледаме што се прави.
Родители во Охрид загубиле по еден син во тешка сообраќајка а виновникот осуден условно. Кој родител би издржал таква неправда?
Па еден од татковците вели: Изгледа треба да се делува по законите на Дукаѓини, со крвни одмазди кога веќе нема правда. Секој правдата во свои раце.
И изгледа во право е човекот.
Овде е неиздржливо за нормални луѓе, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.