Актерот Сашо Тасевски, поранешен директор на Драмски театар утринава имал непријатна ситуација со државната администрација, а настанот го објави на Фејсбук.
Еве каде одиме. Одам во социјалното во Тафталиџе, кај школото Војдан Чернодрински, да земам формулари за додаток трето дете. Гужва. Вратата заклучена. Едно време излегува Албанец вработен и почнува да зборува на албански. Го прашувам има формулари за трето дете? Ќути и ме гледа како да не ме чул. Збори му викам, веќе нервозен. Друг Албанец што чекаше со мене ми одговори место него, а овој влезе внатре.
Ова е се што треба да знаете за заевото ОпШесВо за сите. Сами сме криви. А следниот пат кога ќе ве посетам, после 10 јануари кога ќе имате формулари, таков скандал има да ви напраам во бараката што ќе се чешате, ако го видам тој господинот од втор ред со загрозени човечки права. А секако ќе побарам да го викнете. Ако вие не се срамите од таквите, ваш проблем. Во која Европа ќе одите со такви, објави Тасевски.
Еве каде одиме. Одам во социјалното во Тафталиџе, кај школото Војдан Чернодрински, да земам формулари за додаток трето…
Posted by Sasho Tasevski on Monday, 4 January 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.