Одлично се справувате со заразата, еве 30 заразени ни се фикс секој ден. Умрени исто, не смее да нема.
Да не кажете дека само критикувам.
Де само една промена направете во генијалниот план за заштита, полицискиот час да биде преку ден во најжешкото, за навечер да можеме децата надвор да ги извадиме, кога е пријатно за шетање. И пензионерите би сакале така.
Мислам, ако дозволат кучињата. Ако тие речат не, зашто тогаш мочкаме, не е проблем. И понатаму ќе шетаме на 35 степени. Па кој падне падне, пишете го од корона е и готово – напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.