Животот и вирусот одма ги откриваат вашите лаги.
Одекна вест дека почина 15 годишна девојка од ковид, а вие ги отворивте училиштата под полна пареа.
Ама сега вака било онака било… Ваква била девојката, онаква била, дебела, слаба…
Не.
Ќе си направите обдукција еднаш. Да се знае. Најдобро е таткото да побара приватна, независна
Оти овие фашистиве на власт ќе ги фризираат резултатите.
Да не излезат во право оние доктори кои велат дека новите видови ковид може да станат опасни за младите и децата.
Ако се покаже така, ќе одговарате за масовно убиство од глупоќа или со предумисла. Тоа нека си утврди судот. Ако имаме таква дело во кривичниот законик.
А убаво е да имаме, ако нема.
Иако никој не би бил толку глуп…
Никој? – пишува актерот Сашо Тасевски.
Ваквата реакција доаѓа откако петнаесетгодишно девојче од тетовското село Селце почина од компликации на ковид-19. Министерството за здравство соопшти дека девојчето починало на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а претходно од ковид-19 починала и нејзината мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.