Не стивнуваат реакциите на јавноста по одлуката на стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани кој покажал дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Веапоска Јилдиз ѝ биле отстранети матката, бубрегот и јајникот. Актерот Сашо Тасевски пишува дека никогаш нема да дознаеме која беше причината за вадење на органите – намерно за препродажба на тие органи или од незнаење.

Замислете како им е на душата на трудници од струшко, кога знаат дека треба да легнат да се породуваат пред самонаречен гинеколог, кого го ослободија од вина дека извадил органи на една трудница. Намерно за препродажба на тие органи или од незнаење… Нема да дознаеме.
Филипче не ти е срам, да ќутиш како растение за овој скандал?
Не ти е срам дека овој срам го гледаат оние во ЕУ?
А ти бе главен антикорупционер Љупчо, искречи по дома? Го нарани папагалот? До перцепцијата ни е ова лудило што го гледаме или стварно постои?
Стварно гинекологот ќе го пуштите да се извлече?
Дека е Албанец од ДУИ или…?
А судиите Албанци од ДУИ ќе ги санкционирате што кријат предмети со пресуди на челници на ДУИ?
А овие од избраниот народ од Арачиново, Чаир, Ченто, ќе ги казни некој што не плаќаат данок, струја….?
После ќе гувееш ко млада невеста ко ќе стигне честитка од ЕУ колку сте корумпирани. До перцепцијата ли е, а Љупчо? Или до тоа дека сте безгласна буква, корумпирани до коска, кутри заложници на ДУИ. Како и цела држава – коментира Тасевски.

Замислете како им е на душата на трудници од струшко, кога знаат дека треба да легнат да се породуваат пред самонаречен…

Posted by Sasho Tasevski on Tuesday, 9 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.