Дај некој пак нека ѝ каже на идиоткана од Финска, дека отсекогаш учениците биле во фокусот на секој добар учител, наставник или професор.

Нека ѝ каже дека онлајн наставата е гоВно.

Нека ѝ каже да не лупета со ветувања за стабилни работни места на даскалите, што и да и значи тоа. Божем така ќе ги мотивирала. Море скоте подмолен, ќе ги мотивираш само со поголеми плати и награди, никако поинаку.

Нека ѝ каже некој да не дава лажни ветувања за стипендии, оти гледаме нејзината партија кому дава стипендии. Строго на блиски роднини на нивни видни партиски кадри.

Нека ѝ каже некој да не се заебава со бришење на предметот историја од образованието или нејзино фризирање по желба на Бугарија и нејзиниот партиски шеф.

Нека ѝ каже некој дека ќе реагираме жестоко ако воведе сексуално образование како алатка за промоција на разни сексуални ненормалности.

Нека ѝ каже некој, траумите од нејзиното образование да не ги лечи на нашите деца.

И нека ѝ каже некој да не лаже толку. Нема добар даскал кој се сложува со неа и со нејзината имбецилна реформа.

Најпосле, седнете направете план како да ги вратите децата во школо од септември, неспособни едни! – коментира актерот Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.