Коментирајќи го интервјуто на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на „Сител“, актерот Сашо Тасевски вели дека таа ја дала најдржавничката изјава до сега.
Ја сакам Шеќерната!!!
Ја даде најдржавничката изјава до сега! Каков Гоце каков Ченто!
Вака рече: Кој смее од НАТО и ЕУ да ни каже од каде да купуваме вакцини, ние сме суверена држава!
Каква црна суверена држава тутурутке една!
Па вие бе не смеете да прднете без да ги прашате ЕУ и НАТО.
Ама ко видовте ве оставија на цедило за вакцини, дај сега да пробаме кај Србите и Кинезите. Русите ви понудиле да купите од нив преку нивниот амбасадор уште пред еден месец, не сте одговориле на понудата, пошто нели тогаш уште јаки бевте… Суверени! НАТО сила!
Вие сте синоним за снисходливост и сервилност.
А бе све увезуваме! Да ни ја секнат странциве утре струјата што ни ја шиткаат, поради некоја непослушност, ќе се вратиме во камено време!
Суверена држава сме биле!???
А бе оди измочајте се зад некое стебло.
Суверени сме биле!????
Ооооо букви безгласни!!! Рибине во Вардар се погласни од вас!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.