Не ме чуди ни што по скандалозна изјава на државната секретарка на Португалија, нашиве принцези ќутат, пишува на Фејсбук актерот и поранешен директор на Драмски театар Сашо Тасевски, коментирајќи ја изјавата на државната сектетарка која рече дека македонскиот јазик бил бугарски.
Португалија се изјасни. Кутрата Бугарија била во право. Таа сака ние да сме во ЕУ, ама ете со право кочела зашто јазикот ни бил бугарски, а во ЕУ не сме можеле со тоа отворено прашање, без да го затвориме, нели, во корист на сиротата Бугарија.
Португалија не ме чуди. Лисабон во В. С. ВОЈНА, беше центар на Гестапо и шпиони на АБВЕР, военото нацистичко разузнавање. Лисабон беше европската Казабланка. Нацистите беа ценети граѓани таму. Плејбои.
Старите другарчиња си седнаа на ист нокшир наречен ЕУ. Се држат за рачиња додека какаат на се што во она време беше антифашистичкото.
Не ме чуди ни што по скандалозна изјава на државната секретарка, нашиве принцези ќутат.
Уморни се денес. Многу шетаа на пешкир парадата и фрцкаа со газињата и знаменцата.
Па одмараат денес, пишува Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.