На Вилипче преку ноќ му падна………. Кривата, пишува во својот статус актерот Сашо Тасевски, поранешен директор на Драмски театар.

Опасно, опасно, ама си ги пушти политичарите да трчаат по странство да лобираат за уште еден мандат. Освен тоа одамна не примиле совети во четири очи од Брисел. Привилегии бе… Во меѓувреме Нина ќе ве убедува дека нема каде да ги трошите парите што ви се прелеваат. Од ќеркиче на олигарх што да очекуваш друго. Таа не знае како е да се нема. Психички ве спрема малата за од септември ко ќе ги намалат платите, по наредба на Брисел, мерки за штедење. Кога ќе летаат луѓе од работа. Оние паразитите де, на државни јасли. И од тие, претежно Македонци ќе летаат, бидејќи се најпривилегирани во кокошарников од држава.
А цените, како што гледате во маркетите, отидени се до Марс. Ќе биде безмилосна пљачка и глад, во буквална смисла и за оние кои до сега некако се прехрануваа со супа, леб и компири цел месец. Оние скала над нив кои имаа да се почестат и месо неколку пати во месецот, сега ќе имаат за еднаш месечно. Само претходно ќе мора да си ги убедат децата да заборават дека постојат чоколади и сладоледи. Дека тоа што го гледаат во рацете на други деца е илузија.
Ќе биде она, кога еден Египќанин, во 2008 година, ми збореше дека мора да работи две работи, плус жена му работела, за да можат да јадат пилешко двапати во месец, а јас го гледав подзинат со мисла: А бе ајде!
Ете затоа е корнењето коси, за избори во јуни. Доста ве лажат.
А вие што сакате да протестирате, било кога и за било што, за корона, за 5 џи или против вакцини, тоа е ваше демократско право. Без разлика дали сте во право или не. Нека не ви продаваат басми дека сте вакви или онакви, оние кои до вчера кукаа против Грујо како немало демократија. Сега истите заборавија на тоа демократско право јавно да се изрази протест. Ич да не ги фермате. Каков гнасен народ сме, одма забораваме на она што било вчера, ако она денес ни е од интерес.
И им давам поддршка на сите родители кои имаат право и сериозни индикации да се сомневаат дека нивните деца станале жртва на некоја вакцина која ја примиле. Кога знаете такви луѓе лично и знаете дека не се ништо помалку паметни или нашетани од вас кои ги нарекувате глупави или антиваксери, нема да бидете толку арогантни.
Друга работа е што овде не можеш ништо да докажеш по судски пат па да летаат пердуви, пишува актерот Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.