Еве од сега кажувам. На наредните парламентарни избори ќе гласам за онаа партија во чија програма ќе пишува: Долгогодишен затвор за велепредавниците кои го сменија името, се откажаа од македонското малцинство во соседните држави и кои влегоа во преговори со Бугарија за нашиот јазик, потеклото и историјата, со што ја загрозија безбедноста и иднината на македонскиот народ и го понижија пред светот, пишува на фејсбук Сашо Тасевски, актер и поранешен директор на Драмски театар Скопје.

Оние кои ќе избегаат пред раката на правдата, активно да се гонат по светот додека не бидат фатени и казнати, каде и да се. Како МОСАД што прави. Може да ги вратите во Македонија на судење, може да им судите и таму.
Оваа изјава и на нотар. Ама ако нема затвор со пресуда за велепредавниците, таа партија е должна да замине од власта веднаш и да плати глоба на државата од 10 милиони евра
Тоа ми е единствениот услов за да го дадам некому мојот глас, пишува Тасевски.

Еве од сега кажувам. На наредните парламентарни избори ќе гласам за онаа партија во чија програма ќе пишува:…

Posted by Sasho Tasevski on Thursday, 17 December 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.