На Хрватска радио телевизија пренос од финалето, а немаат финалист. Македонските телевизии без пренос, особено МТВ, а Вардар игра за европска титула. Треба катанец да ви ставиме уште вечерва. За што постоите не ми е јасно. Срамота ко мајмуни да бараме стриминзи да гледаме на интернет или да бараме по дождов место у кафуле да гледаме на раат. Не постои ваков пример во Европа, државата што има финалист на голем спортски настан да не емитува пренос. За пенис на врапче не ве бива. Удавете се у Вардар – пишува актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил.

Ваквата реакција доаѓа откако телевизиските куќи во земјата, мешу кои и националата телевизија, не побарале да вршат пренос од фајнл-форот во Келн, каде мешу четирите најобри ракометни клуба се пласираше и македонскиот Вардар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.