Дваесет дена по страотната смрт во крематориум-болницата во Тетово, Заев и Филипче кој веќе требаше да биде во затвор по настанот, насмеани најавуваат победа на локалните избори, коментира актерот Сашо Тасевски.
Насмеани еј, развеселени ко сватови пред новинарите и јавноста.
Тоа е црта на психопатите.
Сочувство и срам нула.
Но нешто друго е пособлазнително.
Морници да те полазаат ко ќе ти текне дека преку 150 илјади луѓе и покрај се, ќе гласаат за нив.
Тоа е за ежење.
Тие глуперди не можат ни да сфатат какво зло прават што гласаат за злото. Што му ракоплескаат.
И си велиш, може стварно не можат да сфатат… Освен ако во тетовската болница не изгореше барем по еден нивни близок.
Тогаш можеби ќе сфатеа…
Можеби…
Не се знае. Никој не може да знае.
До толку се испајпузивме и расипавме како луѓе што злото и бесрамноста ги доживуваме како нешто нормално, судбински предодредено, не е до никој тоа што се случува. Така требало да биде. Па тие не го запалиле огнот. Се случува.
Ужасии, вели Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.