Ајде сега, после една година корона, кажете како министер и министерство, комисии, курци палци, што направивте да ја стивнете и ставите под контрола?
Ништо. Нула. Компир варен. Топки волнени.

 

Сите ваши мерки се покажаа без ефект. Кое фајде имаме од идиотското носење маски на улица. Камо студија за ефектите од него?Немате, ама се виде дека нема фајде. Влегуваме од бран во бран на ковид холокауст.

 

Внимавајте 3150 мртви. Тоа се жртви на два потонати Титаника и тоа за една година.
Згора на се, една вакцина не купивте и не донесовте, да не се смета донацијата на Србија од 4000 вакцини. Ама ние сме два милиони.

 

Знаете што значи ова?
Дека вакцинацијата нема да ја завршите до крајот на 2022 година. Тоа значи барем уште илјада мртви.

 

Милион лаги кажавте во врска со вакцините. Те купивме те не ни стигнаа, авансот ни го вратија, има ама нема. Па сакаме кинески, па нејќеме… Па пак сакаме. Ама руски нејќеме, не се геополитички адекватни. Па ќе стигнат до февруари, 100 илјади, двесте илјади… . Еве го март, една вакцина не стигна. А луѓе умираат ко муви.

 

Ако фијаското и дилетантизмот имат лик, го имаат вашиот. Вие сте тешка патологија од карактери.

 

Доживеавте целосен дебакл во епидемијава, како и во се друго.

 

Нема зборови да се изрази разочарувањето на луѓето од вас. Нема човек што веќе не се сомнева во вас како власт и поединци. Вие само глумите систем и организација. Глумите дека знаете што правите, а ништо не знаете. Дилетанти.

 

Нема такво дно кое не можете да го допрете. И тргнете ја глупата забрана за носење маски надвор. Се покажа тотално бесмислена – порачува актерот Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.