Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил се огласи за актуелната состојба:

Тепаниот тепан, ебаниот ебан
Правдата силувана, мирот заклучен у подрум.
Лиле од зелените, плаче ко зелена по името. Татко и покоен академик Блаже изгледа и се јавил на сон и се пожалил дека се превртува од несоница во вечноста. Оти, аманетот Македонија згазен ко мрсул.
ЕВРОПСКАТА УНИЈА како стара курва не те пушта со неа во кревет, дури и името ако и го дадеш.
Власта со непријатен осечај дека е гадно изиграна од лошата маќеа и стара ороспија. Гледа преплашена во крајот свој.
ВМРО и Мицко во опозиција, загубени ко гаќи у порнич.
На Тајкуниве наши под истрага, ем им одземаа пасоши, ем го шетаат светот. Машала, некои се запишале и на постидипломски во странство.
Некогаш средната класа, цела плата ја остава во Тинекс.
Пролетерите дигаат кредити за да купат лекови, да поправат заби или да ги платат заостанатите сметки за струја.
Бесни коли, полни кафани, викенди во Солун, лажна слика за една благосостојба. Остварен сон на мала група луѓе, која останатите ја доживуваат како потсмев на сите заложници на банките и извршителите.
Што да се каже? Нема што да се каже. Тогаш… Подобро да се ќути, напиша Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.