Сашо Тасевски, актер и поранешен директор на Драмски театар има неколку предлози за новото име на СДСМ. Зоран Заев, претседател на партијата најави дека ќе се менува името.

Името на партијата ќе го менува. Има логика. Веројатно сите во таа партија сте среќни што ќе ви го смени.
Бранко ти како си од вчера?
А бе да се живи некои СДСМовци од пред 20-30 години, душичката со цевче ќе ви ја вадеа.
Кога вака ви оди со промена на имиња, можете и на децата да им ги смените, таман пред пописот. Може им се демоде. Имате помодерни: Аспарух, Стилен, Гергана, Красимир, Бојко, Панајотис, Јоргос, Костас, Никос, Еленица,
Ако ви треба кум за новото име на партијата, тука сме за предлози.
Еве, нека се вика:
1.Кобајаги Социјалдемократска или КСД
2. Социјалдемократски Сојуз Пазарџик, Ќустеднил и Петрич или ССПЌП
3. Социјалдемократска Партија на Распродавачи или СПР
4. Пиљарски социјалдемократски сојуз или ПСС
5. БЛЕКФРАЈДЕЈ Социјалдемократски Сојуз или БСС
6. Социјалдемократски Сојуз Старо Продајем Евтино или ССПЕ
А може да се викате и БЕЗИМЕНИ, ништо нема да ви смени, коментира Тасевски.

Името на партијата ќе го менува. Има логика. Веројатно сите во таа партија сте среќни што ќе ви го смени.
Бранко ти како…

Posted by Sasho Tasevski on Tuesday, 2 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.