Замислете, некако сте заштедиле педесетина илјади евра во Еуростандард банката. Или сте продале стан и парите сте ги ставиле во таа банка. И сметате на нив. Арно ама, му ќефнало на некој главуч во СДСМ да му ја преземе банката на Трифун и ја турнува во стечај, коментира актерот Сашо Тасевски.
Е сега, министерката која исто има пари во таа банка, знае за тоа, ама не ви кажува, зашто вие за неа сте нула, клошараана, нижа форма на живот, ништо. Важна е само она, ќеркичката на шверцерот и нејзинот газ, па ќутенката си ги повлекува парите од банката, а вас со останатите ве остава во гомна до гуша. И замислете уште ја гласавте неа и нејзината партија да владеат уште 4 години. Зошто бе? Одамна се познати по тие етички вредности. Да си го гледаат само својот газ. Допрва овде ќе има пиштење и вриштење. Еве го септември. Тешко нас, луѓе мои, пишува Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.