Што требаше да очекуваме, кога имавме инсталирано премиер во 1998 година од странска земја, кој по падот од тронот, без срам, официјално се етикетираше како благонадежен блгарин.
На истиот тој денес му е дозволено од внатре да ни го поткопува идентитетот, давајќи планови и идеи како да се самоизбришеме како народ преку ноќ.
Внимавајте, освен реакција на неколку поединци по повод неговиот монструозен бугарашки план за уништување на македонизмот, во Нашата земја-штама. Освен бееееее, ништо друго не се слуша – вњли актерот Сашо Тасевски по вчерашната скандалозна изјава на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.
Предлогот на Георгиевски е бугарското Собрание да донесе декларација во која ќе изјави дека под поимот „македонска нација“ и „македонски јазик“ подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година и дека Бугарија со ништо не ги прифаќа тезите за кои смета дека се фалсификат и ја поддржува бугарската историографија во одбрана на својата вистина.
Тасевски додава:
Нема да ме чуди ако наскоро и сегашниов премиер не се пофали со бугарско државјанство.
Ова е срам за сите нас, што молчиме на вакви провокации.
Каде се безбедносните служби да реагираат на провокациите на бугарашот?
Каде е полицијата да го повика на информативен разговор, па и да го приведе, ко што е ред во нормална држава.
На оргија у порнич има помалку дупки отколку во нашиот безбедносен систем.
Луѓе знаете ли прво кои сте, што сте, за да ве прашам на крај, знаете ли каде терате.
Македонците имаат потреба да ги штитите од овој повампирен бугарашки шовинизам.
Затоа ве плаќаме нели?
А не уште да да молчите додека тоа се случува пред вашите очи во 21 век, во наводно самостојна суверена држава.
Еве јавно кажувам, на изборите за нова влада, кога и да бидат, ќе гласам за оној кој недвосмислено во својата програма ќе се заложи дека брутално ќе ги казни велепредавниците и петата колона и конечно ќе им порача на Бугарите да одебат. И сите кои се дел од планот за бугаризација на Македонците, а живеат овде, ќе ги избрка од државава како персони нон грата
Па не од ЕУ и НАТО, ако сакаат нека не избркаат и од галаксијава.
Е за нив ќе гласам со душа.
Ако ви е малку непријатно да расчистите со нив. Ставете ме мене на таква позиција само една година и дајте ми одврзани раце. Колку да направам генералка.
Оти ова стварно веќе не се поднесува колку е срамно.
”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.