Мерките ви се тиња, му порача актерот Сашо Тасевски на власта, потенцирајќи дека направиле само поголема паника и гужви.

Луѓе за гуша да се фаќаат. Има некој со мозок меѓу вас. Не излегувате по маркети и банки да ѕирнете како е? Мора да пазари некој за вас, така? Дома ви носи, па не знаете.
Ама важно е, на телевизии само ваши партиски блиски експерти да праќате. Од други не смее да се чуе мислење. Има само една вистина. Дека мерките ваши се единствено решение. Друго нема. А, денес 46 новозабелени. Официјално. Колку криете од јавноста, не знаеме. А криете, туркате под тепих. Добро како? Нели меркиве се најдобри? Или тоа дека народот е невоспитан па не се придржува кон нив?, прашува Тасевски.

А вистината е, додава, дека имате најисплашен народ кој од страв се придржува до мерките ваши.

Добро го исплашивте. И го плашите секој ден.
Телевиззине наши, станаа телевизии за турски серии со посебен осврт на корона и статистики за болни и умрени.
Дно на дното. Дупло дно. На една телевизија да и текнеше, чекај, дај ќе направиме циклус на современиот европски филм, па на класичниот, со Фелини, Буњуел, Бергман, Бертолучи, Вадим, Вајда, Пазолини, Михалков, Алмодовар, да не ги редам… Па циклус Куросава, Серџо Леоне, Хичкок, Форман и Карпентер, Спилберг. Па стари добри документарци и култни серии… Денес евтино можат да се купат во пакет. Да се едуцира народ.
Ама не, ширите само неписменост, малограѓанштина, глупоќа и кокошкино слепило во врска со короната. Од партија чекате да ви одобрат кој доктор може да го викнете во емисија, а кој не. Тиранија, порача Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.