Класика. Крадецот се дере: Држете го крадецот!
Така се дерат и фашистиве на власт со сите нивни пропагандисти,, енџио-џандари, цензори, цивили, пленуми и граЏани, викаат по нас дека сме фашисти, шовинисти, мразачи… Ви се молам, они се платени од странски фондации и донации. И не мора да се само од Сорос платени. Има и други ко Сорос, што ги плаќаат
Притоа одат по телевизии и доставуваат црни списоци за тоа кој смее а кој не смее да биде поканет да зборува на таа телевизија. Се знае точно кој смее да биде викнат да ги шири нивните лаги, велепредавнички агенди и пропаганди.
Па така, гледате едни исти луѓе како гостуваат на сите телевизии во сите политички дебатни емисии.
Едноумието и цензурата во времето на Тито и во времето на Груевски е тестис од врапче во споредба со она што се случува денес.
Ги знаете кои се, нели? Фашистите, домашните предавници и нивните поддржувачи и пропагандисти.
Можат да се преправат во либерали и демократи колку сакаат, по делата ги препознаваме. Џабе им е, напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.