По Филипче и неговата присилна вакцинација се гледа како сте ја сфатиле пораката од граѓаните, вели актерот Сашо Тасевски, порачувајќи им на СДСМ дека, меѓудругото, токму министерот за здравство ќе ги чини 50 илјади гласа помалку на следните парламентарни избори.
Ја разбравме пораката на граѓаните!!!
Мора да имаме повеќе слух за нив од сега!
Вака зборуваа предавниците и неспособните од СДСМ меѓу првиот и вториот хриг на локалните кога видоа ги чека дебакл.
И дебакл доживеаа.
Арно ама, по дебаклот, се јави Филипче кој исто ја разбрал пораката и им наметна на истите тие граѓани присилна вакцинација, со уцени, против нивната волја. Ако сакаш да работиш и да земаш плата, ќе се вакцинираш. Ако сакаш да те има во јавност, ќе се вакцинираш.
По Филипче се гледа како сте ја сфатиле пораката од граѓаните.
Е па тој Филипче со неговата вакцинација, на парламентарните избори ќе ве чини уште 50 илјади гласови помалку.
Никаква порака од граѓаните не сте разбрале.
Вие како партија и ментален склоп сте неспособни да го слушате народот.
Затоа по следните избори ќе престанете да постоите како партија, коментира Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.