Актерот Сашо Тасевски јавно реагира за тоа што 3.500 луѓе вработени во културата се уште ја немаат земено јунската плата, што ги става во крајно тешка финансиска состојба, особено што многумина од нив имаат деца, а преживуваат во време на пандемија и тешка економска криза, којашто само ќе се продлабочува.

Тасевски изразува длабока раочараност од тоа што овие луѓе се оставени самите на себе без никаква грижа од власта која само глуми реформи за да остане на власт.

Зоране Заев, 3500 луѓе од културата, уште ја немаат земено јулската плата. Во време на пандемија и ценовни шокови на храната, струјата и други тракатанци. Така отприлика изгледа твојата социјална држава швајцарска Македонија.

Знам дека културата на газот не ја ставате, ама барем укинете ја со уредба, да знаеме на што сме. Сите на Завод за вработување. А, јасно е дека од октомври ќе биде ужасот поголем. Банкрот сте. Зоране Заев сметки ни се таложат за плаќање, а вие се изживувате со 3000 семејства. Многу од нас живеат со една плата, а имаат деца. Засрамете се.

Доста глумите европски реформисти. Не знаете каде терате. Лутате без компас. Само гледате да се додворите кај разни белосветски битанги за да добиете избори и останете на власт.
И после, зошто луѓето споредувале и велеле дека дури и со Груевски беше подобро од сега? Е па подобро беше. Сакале вие тоа да го чуете или не.

Швајцарија ќе сте правеле од нас? Вие во пештери ќе не вратите до крајот на годинава. Каменото време ќе ни се чини како ренесанса во споредба со животот овде. Тие слугите поданички околу тебе, знам ќе ти го пренесат моево обраќање. Стави си прст на чело – пишува Тасевски.

Зоране Заев, 3500 луѓе од културата, уште ја немаат земено јулската плата. Во време на пандемија и ценовни шокови на…

Gepostet von Sasho Tasevski am Donnerstag, 10. September 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.