Заев, се јавил во МИ 6 да бара вакцини????
И ова не е виц!!!
Мајко мила Богоројце, овој човек треба да биде под 24 часовен надзор.
А бе имајте го на око постојано.
Во најтајната британска тајна служба се јавил за вакцини!???
И што ти рекоа од таму лебати?
Телефонскиот број не постои.
Или ти рекоа: Жалиме господине Заев, вакцини не ни се во опис на нашите работни места.
А може му рекле: Биди без гајле. Сега ќе пратиме наш човек. Се вика Бонд. Џемс Бонд.
Што ти рекоа бе чоек?
Уствари чекај, каде точно се јави?
Телефонов од МИ 6 во јелоу пејџис го најде?
И таму секретарката ко слушнала кој си и зошто ги бараш, сигурно модра џигер се напрајла од штипење, за да се разбуди. Оти не и се верувало кој и зошто го бара нејзиниот шеф.
Апел до конзилиумот во Бардовци. Значи треба итно да ги ажурирате списоците.
Мора да ви фалат пациенти. Ви имаат скокнато преку ограда, напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.