Кого го лажете, самите себе или нас? Џабе пропагандата, пишува на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски, опишувајќи ја ситуацијата со ковид 19 и отварањето на училиштата.
Не е безбедно да се пуштат децата во школо, тоа сите го знаеме.
Особено сега кога и деца се разболуваат од новиот сој. И никој на светов не знае дали тој сој ќе стане опасен за децата или не. Ова го велат светски лекари. Не знаеме се уште. Така велат.
Како што не знаат уште многу други работи за вирусот и неговиот табиет. Да знаеја ќе го решеа до сега.
И вие понизните послушници и платеници на СЗО, на сето ова незнаење, на сета ваша неспособност, со најголем број умрени од ковид во Европа, со цел памет ги отворате школите под полна пареа.
Од петсто до илјада деца во едно школо,. Потриесет во одделение.
Не кластер, геноцид ќе направите.
Колку од тие деца ќе донесат корона во школо, откако ќе ја закачат дома од родител, зашто има многу болни родители кои се лечат дома. Колку од тие деца ќе го пренесат вирусот на свои другарчиња, на учителките. По часовите тие ќе го однесат вирусот дома.
До декември ќе направите кланица.
Дали имате грам мозок во тоа тиквите стамболки што ги носите на рамена?
Го правите токму она што велите дека не треба да се прави. Групирање на повеќе од 30 луѓе, во училници, на одмор по ходници стотици деца, а ваму правите апартхејд за седење на маса во кафана ако си здрав, прележан, а невакциниран.
Мора да сте имбецили, а да не сте свесни. Така?
Џабе смирувате и повикувате на почеток на школската година, насмеани од уво до уво.
Никој повеќе нема доверба во вас. Толку е просто. .
Јас уште денес ќе размислувам, но најверојатно утре моите деца нема да ги пуштам на училиште.
Не е инает во прашање.
Секој од нас сака детето да тргне на школо. Вирусот го осакати нивното детство, но вие се покажавте нула во поглед да ја намалите штетата од тоа. И одеднаш, ајде сите топтан во школо, а ваму, ни добри болници, ни организација имате, ниту пак протоколите на заштита и лечење ви дадоа резултати.
Што ќе постигнете ако децата тргнат во школо?
Ништо. Ќе мора пак да ги затворите школите за еден месец кога ќе почне масакрот.
А ќе почне.
Оваа есен и зима ќе биде кланица од ковидов. Секој учител или дете ако умре, неговата смрт ќе падне на вас. На ваш акаунт, што би рекле копиљациве. Така да знаете, пишува Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.