Гоце Делчев ќе го шиткате на парче или во комплет со АСНОМ и сервисот за кафе на баба ви? Или сервисот оди гратис?
Замислете, Бугарите откриле дека АСНОМ бил темелот на антибугаризмот кај Македонците.
Да ги прашам патриотиве од СДСМ… Какво ви е тоа другарување со некој кој постојано ве оспорува и бара да се откажете од вашето минато, од прадедовците, од АСНОМ, па дури и од сервисот за кафе на баба ви, ако сакате да другарува со вас.
Тука нема другарски, партнерски однос, туку однос на господар и слуга. Прифативте да бидете измеќари дури и на балканскиве шовинистички крокодили.
Ама сите ве сакаат така? Ве сакаат како измеќари и собарици. И во НАТО ве викнаа да им ги чистите тоалетите, напиша на Фејсбук актерот Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.