Претседателе Радев, знам ова што го пишувам твоите шпиони ќе ти го стават на биро уште денес, му се обраќа актерот Сашо Тасевски на бугарскиот претседател, со порака дека Македонците не се и никогаш не биле Бугари.

Радев, има еден македонски роман, се вика „Црно семе“. Се случува за време на траѓанската војна во Грција 1948 година. На пуст остров заробени се Македонци Егејци војници на ДАГ. Селани во суштина.
Тоа што се Македонци ги става во уште поголема немилост кај командантот на логорот, еден грчки садист. Меѓу плениците е Доне.
И еден ден тој садистот грчки, по тепањето, му вели на Доне: Зошто да трпиш вакви маки, пиши дека си комунист и ќе те пуштам да се вратиш во твоето село.
Доне му одговара: како да се пишам комунист кога не сум. Ај ти пиши се магаре ако не си!
Господине Радев, истото важи и за оние Македонци со бугарски пасоши. Грото ги извадија за да можат да одат на печалба, а не дека се Бугари. Затоа не можат да се пишат Бугари.
Не е тоа нешто што по твоја желба може да го спроведе будалана од Горњи Милановац која те слуша.
Па и вас ви одговараше кога нашите кои вадеа ваши пасоши, плаќаа турбо за тоа и знаете дека многу од нив лажно тврдеа дека имаат бугарско потекло, од прабаба и чукун тетка, само за да добијат пасош.
Претседателе Радев, не можеш да се пишеш магаре ако не си.
Прочитај го Црно семе од Ташко Георгиевски.
Имаш и филм со истиот наслов од Кирил Ценевски. Најдобриот во македонската кинематографија.
Гледај го.
Македонците се конформисти. Се ќе направат да преживеат, но нема никогаш да се пишат магариња, ако не се. Како што никогаш нема да се пишеме Бугари.
Не сме ист народ со вас. Ниту сме биле некогаш.
Џабе везете и џабе притискате.
Не ви успеа тоа во 1941, нема ни денес. Без разлика каква будала сте потплатиле во Македонија, да работи за ваши интереси
Толку треба да знаеш.
Поздрав претседателе Радев. Се надевам ова ќе го прочитате уште денес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.