И ти Мила велиш си демократ? Ама расправа за вашата реформата во образованието нема да има!!!!, реагира актерот Сашо Тасевски по веста дека Министерството за образование и наука и министерката Мила Царовска не планираат да го чујат мислењето на јавноста за реформите во образованието.

Сфативте дека ве фативме со симнати гаќи, а тогаш тешко ви е да сте демократи.
Тогаш го покажувате вашето вистинско лице. Лице на деспоти и фашисти кои сакаат да биде по нивно. Кога ќе му текне какви јагнешко лиценца имавте кога ви требаа луѓе да ве донесат на власт. Ко лепчиња бевте. Сега е друго.
Значи не ви е до реформа, туку ви е само да ги задоволите Бугарите. Да не се учи предметот историја, поточно, тој полека да се укине, а дотогаш децата да учит историја на бугарски желби, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.