Не стивнуваат реакциите за малиот Дамјан кој победи на средношколски натпревар по математика, но нема да ја добие заслужената, а мала награда, зошто Министерството не сака да му одобри.
Дете од основно победува средношколци на државен турнир по математика. За шампионот следувала награда од 10 илјади денари.
Арно ама Милата Роза од Финска одлучува да не му додели награда зашто малиот не бил средношколец, туку основец. Така било во некој посран закон.
Во исто време истата таа одобрува милиони денари за промоција на сексуални настраности во основните училишта.
А како можеше пред три години да се издвојат дури и 40 илјади евра за стипендија на просечна студентка, ама ќерка на министер кој во тоа време посветено работеше на промената на името на државата? Тоа можеше, ова не?
Што понатаму?
Каде понатаму?
Секаде е нормално дете генијалец да биде државно заштитено и усовршено на најјакиот универзитет на трошок на таа држава.
Овде такви деца не можат ни 150 евра да добијат, кои патем ги заслужиле.
Па ти бре створу, на таа плата, да беше нормална, од џеб ќе извадеше 150 евра и никој да не дознае ќе му ги дадеше на малиот. И немаше овој резил да го јадеш, коментира Сашо Тасевски за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.